13 декември 2024

„Петарди не– безбедност пред се“, превентивна активност на СВР Тетово

 

Вчера (12.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово на подрачјето на Тетово спроведоа активности за превенција и спречување на неовластено пуштање во промет и употреба на пиротехнички средства.

Имено, во пресрет на претстојните празници, на граѓаните им беше укажано дека продавањето, односно купувањето и активирањето на пиротехника на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Исто така, на граѓаните им беше посочено дека набавувањето и дистрибуирањето на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на РСМ и за тоа дело е предвидена казна затвор. Полициските службеници укажуваа дека ќе бидат санкционирани и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.