Вчера (11.12.) полициски службеници од СВР Битола и ОВР Прилеп при СВР Битола спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство. Активноста беше спроведена со учениците од средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп.
Учениците беа запознаени со законските реперкусии, но пред се со последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога и алкохол. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат.
ОВР Ресен како и ОВР Прилеп во текот на вчерашниот ден беа насочени и кон реализација на превентивни активности во насока за побезбеден сообраќај.