Денеска (12.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање на тема „Петарди не – безбедност пред се“ со учениците од шесто до деветто одделение во општинското основно училиште „Атанас Нивичански“ во село Нова Маала, струмичко.
Во непосреден разговор со учениците, им беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреда на рацете, очите, но и за други видови сериозни повреди.
Исто така, учениците беа запознаени и со законскaта регулатива според која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места, односно дека за ова истите може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.Превентивна активност на оваа тема во текот на вчерашниот ден спроведоа и полициски службеници од Полициската станица Радовиш со ученици од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.