11 декември 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

 

Денеска (11.12.) од страна на полициски службеници од СВР Битола на подрачје на Битола, Крушево и Македонски Брод беa реализирани превентивни активности под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, потоа - „Вози одговорно - стави појас“, и „Намали ја брзината-ти си одговорен“.
Целта на овие активности беше да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот, односно сообраќајната култура кај граѓаните, а во насока на почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03, т.е. важноста од почитувањето на прописите, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот. Исто така, при реализација на активностите на возачите им беше укажано и околу важноста од техничка и друга подготвеност на нивните возила, и секако околу важноста од користењето на сигурносните појаси и безбедно и одговорно управување на возилата.
При превентивната активност, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.