10 декември 2024

Превентивна активност на РЦГР Исток и ОВР Делчево

Денескa (10.12.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток, ПО за ГН Каменица и ОВР Делчево – ПО Македонска Каменица, во соработка со стручните служби во основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј “   во Македонска Каменица одржаа  едукативна работилница на тема:  „Превенција од злоупотреба на петарди и  други пиротехнички средства“. 

Преку разговори на учениците им беа појаснети и презентирани  штетните последици и опасности од употребата на петарди  и  други  пиротехнички средства  како и законската регулатива во врска со набавката, продажбата и  употребата  на пиротехничките средства.