10 декември 2024
Превентивна активност на ОВР Берово
Денеска (10.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Берово беше спроведено едукативно предавање на тема - „корупција“. Превентивната активност беше реализирана во Средното општинско училиште „Ацо Русковски“ во Берово. Во рамки на едукативното предавање преку соодветна видео презентација ученици од прва до четврта година преку разговори и дискусија беа запознаени со причините и последиците од корупцијата. Исто така, се говореше и за разните облици на манифестација на коруптивно делување и штетите кои што таа може да ги продуцира вклучително и за заедницата во целина, како и потребата и начините за пријавување на корупција.