10 декември 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

 

Вчера (09.12.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, во соработка со ПС за БПС Велес, ПО за БПС Неготино и ПО за БПС Кавадарци, на подрачје на градовите Велес, Неготино, Демир Капија и Кавадарци, беше реализирана превентивната активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, и „Вози одговорно - стави појас“.
Целта на оваа активност беше да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот, односно сообраќајната култура во насока на почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03, т.е. важноста од почитувањето на прописите, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот. На возачите им беше укажувани и околу важноста од техничка и друга подготвеност на нивните возила, и секако околу важноста од користењето на сигурносните појаси и безбедно и одговорно управување на возилата.
При превентивната активност, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.