09 декември 2024

„Петарди не, безбедност пред се!“ - превентивна активност на СВР Битола

 

Вчера (08.12.2024) во централното градско подрачје на Битола, а во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Битола, Отсекот за превенција при СВР Битола спроведе превентивна активност за подигнување на свеста кај граѓаните и запознавање со штетните последици од употребата на пиротехничките средства преку показна вежба, односно симулации на вежба за повреди од употреба на пиротехника.

СВР Битола и во изминатите години ја спроведуваше оваа кампања со цел кревање на повисоко ниво на свеста на населението за опасноста од употребата на пиротехнички средства во престојниот празничен период. Секој може да биде жртва на пиротехничките средства, а повредените наместо на прослава, празниците да ги дочекаат во болница.