09 декември 2024

СВР Струмица го одбележа 9 Декември – Денот на превенција

 

Денеска (09.12.2024), Отсекот за превенција и Одделението за полиција при СВР Струмица преку повеќе превентивни активности го одбележуваат 9 -Декември - Денот на превенцијата.
На подрачјето на Струмица, полициски службеници во непосреден разговор и со делење на летоци им укажуваа на граѓаните за штетните последици кои може да ги предизвика употребата на пиротехнички средства, како и за тоа како да се заштитат од тешки кражби и измами.
Полициски службеници од ОВР Радовиш, преку разговор со возачите, им укажуваа за важноста на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како за нивна безбедност, така и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во Гевгелија, полициски службеници ја реализираа превентивната активност „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Преку делење на летоци ги потсетуваа возачите за законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во возилата и што се подразбира под зимска опрема.

На подрачје на Валандово полициски службеници спроведоа превентивни активности на тема „Стави појас, вози безбедно“, а воедно на граѓаните им укажуваа за казнените одредби кои предвидуваат санкционирање на оние кои користат, но и оние кои набавуваат пиротехнички средства.
Целта на сите активности беше преку одбележување на Денот на превенцијата да се нагласи важноста на превентивното - проактивно делување за заедницата.