07 декември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

 На 06.12.2024 на подрачје на Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица спроведоа превентивна активност преку која ги потсетуваа возачите на моторни возила за последиците кои може да ги предизвика брзото возење, како за нив, така и за останатите учесници во сообраќајот.

Со делење на летоци, возачите беа потсетувани за нивната обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, затоа што токму неприлагодената брзина е и најчеста причина за случување на сообраќајни несреќи на подрачје на СВР Струмица.