06 декември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

 

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, денеска (06.12.) реализираше сообраќајна превентивно едукативна активност поврзана со задолжителното користење на зимска опрема, а под мотото „Биди одговорен возач“. Активностите се реализираа на подрачје на ПСОН Аеродром на булеварот „Јане Сандански“. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во делот на законски пропишаното користење на зимска опрема. На возачите им се делеше и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.

Вчера пак Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПСОН Аеродром реализираа едукативна работилница со граѓани, односно членови на Зружението на пензионери „Солидарност“ - огранок Лисиче, а на тема – „Превенција од имотни деликти“, со посебен акцент на измамите, дрските и џебните кражби, на кои што се најизложени оваа категорија на граѓани. На граѓаните им беа посочени начините за препознавање и превенирање на ваквите појави, особено преку благовремена и брза комуникација со полицијата, а воедно им беа поделени и информативни печатени материјали.