05 декември 2024

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка

 

Вчера (04.12.) полициски службеници од ОВР Крива Паланка во централното градско подрачје во Крива Паланка, реализираа превентивна активност во рамки на кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.