Денеска (05.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Крушево на локации во близина на центарот во Крушево беше реализирана превентивно-едукативна кампања под мотото - „Слави со срце“, примарно во насока на превенција од употреба на пиротехнички средства пред, за време, и по Новогодишните и Божиќни празници.
Превентиво - едукативната кампања е реализирана преку директна комуникација и делење на едукативни летоци за тоа дека е забрането користење на пиротехнички средства, за ризиците и можните последици кои можат да настанат по здравјето на човекот и материјалните добра при нивна употреба.
Вчера (04.12.2024) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за превенција од детско престапништво во средното медицинско училиште „Јован Калаузи" во Битола спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство. Учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога и алкохол. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат.