Денескa (04.12.) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при РЦ за ГР Север реализираа превентивно-информативни активности со месното население од селата Танушевци, Малино маало и Брест, а поврзано со темата – Спречување на криумчарење на акцизна стока (цигари, алкохол, храна, лекови и друго).
Притоа, полициските службеници на жителите од овие места им укажуваа на одредбите од Законот за акцизи и акцизна стока и последиците доколку не се почитуваат истите, а во тој контекст особено беше нагласена штетноста на шверцот на пиротехнички средства. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема соработка со полицијата во врска со превенирање на овие појави.