Полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола денеска (04.12.) реализираа превентивна активност во рамки на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“ и „Безбедна заедница-мирна заедница“ во централното градско подрачје на Крушево.
Активноста беше реализирана преку непосредна комуникација со граѓаните, на кои им беа дадени совети и препораки како да се заштитат од измами и кражби, но и како да ги заштитат своите лични податоци. Стана збор и за можностите за помош и заштита од надлежните институции. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Покрај ова и полициски службеници од ОВР Македонски Брод во текот на вчерашниот ден реализираа превентивни активности во насока на побезбеден сообраќај под мото: „Намали ја брзината, ти си одговорен“ при што на возачите на излезот од градот и во централното подрачје им беа поделени совети и препораки за безбедно управување, како и едукативен материјал.