03 декември 2024

„Биди одговорен возач“, превентивна активност на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (03.12.) спроведоа сообраќајни превентивно едукативни активности поврзани со задолжителното користење на зимска опрема, а под мотото – „Биди одговорен возач“. 

Едукативно превентивните активности се спроведоа на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај ТЦ Мавровка. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во делот на законски пропишаното користење на зимска опрема, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се делеше и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.