Во рамки на кампањата - 16 дена активизам против родово и семејно базирано насилство, вчера (02.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, во просториите на кино „Манаки" во Битола реализираа превентивна работилница на тема – „Заштита од родово и семејно насилство“.
Целта на работилницата беше подигнување на свеста кај граѓаните кон овие крајно девијатни појави, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата и мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела