02 декември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (02.12.) на подрачјето на општината Центар реализираше превентивни активности од областа на имотните деликти, со посебен акцент на тематското мото – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Основна цел на проектот е заштитата од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила. Воедно, дополнителна цел на оваа кампања е насочена кон зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. 
При тоа, во непосредна комуникација со граѓаните им се укажуваше да не оставаат вредни предмети видливи во автомобилот, затоа што можат да бидат мета на извршители на кривично дело од делот на имотни деликти. Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото за безбедносна свест и при тоа им се делеше и едукативен материјал односно летоци со информативни содржини од оваа област.