Вчера (30.11.), Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на активностите поврзани со превенција од имотни деликти и кампања – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, реализираше едукативно превентивна активност на подрачјето на општината Центар, односно на повеќе локации кај трговски центар Беверли Хилс.
Основна цел на проектот беше зголемување на самозаштита и личната одговорност во контекст на кривичните дела - тешки кражби од патнички моторни возила - како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Во текот на активностите на граѓаните покрај укажувањата за мерките за будност и самозаштита им беа делени и печатени едукативни материјали со корисни информативни пораки.