30 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Струмица

Денеска (30.11.2024) во рамки на кампањата - 16 дена активизам против родово и семејно базирано насилство, полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица од општа надлежност Струмица при СВР Струмица, на подрачјето на Струмица и на Ново Село реализираа превентивни активности на тема – „Заштита од родово и семејно насилство“.

Целта на активноста беше насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните кон овие крајно девијатни појави, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела.