28 ноември 2024

Превентивна активност на ПСГН Попова Шапка

 

Вчера (27.11.) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка ги посетија месните канцеларии во селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце, каде што реализираа превентивно-информативни активности со месното население поврзано со темата – „ Спречување на криумчарење на акцизна стока (цигари, алкохол, храна, лекови и друго)“.

Притоа, полициските службеници на жителите од овие места им укажуваа на одредбите од Законот за акцизи и акцизна стока и последиците доколку не се почитуваат истите. а во тој контекст особено беше нагласена штетноста на шверцот на пиротехнички средства и петарди. Беше апелирано за поголема соработка со полицијата во врска со превенирање на последиците од пиротехничките експлозивни средства и петардите.