28 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

 

Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (28.11.) на подрачјето на општина Кавадарци спроведе сообраќајно превентивна активност под мотото - „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

Притоа, во контекст на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03 полициските службеници на повеќе локации во и околу Кавадарци им укажуваа на возачите за важноста од почитување на прописите, пред се од аспект на личната и колективна безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со пораки за безбедно управување на возилата, за потребната опрема и за важноста на техничката исправност на возилата кои ги управуваат.