Денеска (28.11.2024) на повеќе локации на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа превентивни активности во рамки на проектот „Има помош за живот без насилство“.
Преку непосреден разговор, на граѓаните им беше укажано дека насилството е кривично дело за кое сторителот ќе одговара пред надлежните институции, а воедно беа запознаени и за помошта, поддршката и заштитата која може да ја имаат лицата жртви на насилство, со посебен акцент на семејното насилство. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.