28 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Битола за заштита од семејно насилство

 

Вчера (27.11.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во просториите на здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ одржаа едукативно предавање за превенција од семејното насилство, при што на присутните им беше укажано дека семејното насилство и насилството врз жени и девојчиња претставуваат кривични дела за кои насилникот одговара пред надлежните институции, а жртвата добива соодветна заштита. Секоја жртва на насилство која ќе се јави да пријави насилство ќе добие бесплатна помош и поддршка, информации за своите права и заштита обезбедена од институциите.

Покрај ова, полициските службеници на присутните им укажаа и за санкциите за нарушување на јавниот ред и мир, како и за тоа како да се заштитат од кражби, дрски кражби и разбојништва. За време на активноста беше поделен и едукативен материјал.

Исто така, вчера, полициски службеници од СВР Битола во просториите на основното училиште во с.Канатларци,битолско, во соработка со здружението „Секогаш соживот" од с.Канатларци одржаа работилница посветена на превенцијата од семејно насилство, на која работилница беа присутни жители на с. Канатларци.