27 ноември 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје на 27.11.2024, во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Аеродром и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, реализираа три едукативни работилници.

Првата работилница беше реализирана со граѓани- членови на Зружението на пензионери „Солидарност“ - огранок Вардар  на тема „Превенција од имотни деликти“, со посебен акцент на измамите, дрските и џебните кражби , на кои се најизложени пензионерите. На граѓаните им беа посочени начините за препознавање и превенирање на ваквите појави, особено преку благовремена комуникација со полицијата, а воедно им беа поделени и информативни печатени материјали 
Двете други работилници, пак, во ОУ „7-ми Март“ беа одржани со ученици од осмо одделение, а посветени на превенција од употреба на дроги и други психотропни супстанци и зависностите од нив под мотото – „Кажи НЕ на дрогата, ДА за животот“.