Денеска (26.11.2024) во централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, а под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Кампањата е наменета за сите учесници во сообраќајот кои управуваат моторни возила, а се спроведува во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Притоа, на учесниците во сообраќајот во директна комуникација им беше укажано на последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.