Денеска (26.11.) на подрачјето на општината Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, спроведе сообраќајно превентивно едукативна активност под мотото – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
Притоа полициските службеници на повеќе локации во Кавадарци, во непосредна комуникација со возачите-учесници во сообраќајот, укажуваа на значењето по индивидуалната и општа безбедност во сообраќајот на почитувањето на законските правила и прописи во поглед на правилното паркирање. Практично, основна цел на активноста беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура кај возачите по однос на правилното и прописно паркирање, а воедно на граѓаните им беа делени и информативно-едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.