Согласно планот за превентивни активности за тековниов месец, вчера (25.11.) на подрачјето на надлежност на ПС за ГН Рогачево беше реализирана средба со претставници на месното население, на која беше разговарано околу проблематиката поврзана со превенција од криволов, во контекст на актуелната ловна сезона, која што се уште е во тек.
Полициските службеници од ПС за ГН Рогачево, на жителите од село Јажинце им укажуваа за одредбите од Законот за лов и криволов и последиците доколку не се почитуваат истите. Беше апелирано за поголема соработка со полицијата во врска со превенирање на криволовот како и безбедно одржување на ловните активности .