Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово вчера (25.11.) во просториите на ловното друштво „Љуботен“ во село Вратница имаа средба со управителот на ловното друштво, на која што беа информирани дека со прогласување на Шар планина како Национален парк, ловечко друштво „Љуботен“ веќе функционира под Националниот парк и брои околу 210 членови и шестмина ловни чувари и тоа на подрачјето од с.Непроштено до с.Јажинце на граница со Р.Косово. Притоа, беше истакнато дека во рамките на нивната територија на одговорност, поради болеста ,,Африканска чума“ од која заболуваат дивите свињи, исклучиво се изведува само организиран санитарен лов, и дека по добиено известување - во ловниот период ќе се врши организиран селективен отстрел на дива свиња во групи не помали од 10 лица, а друг вид на лов нема.
Од страна на полициските службеници на средбата е укажано околу доследно почитување на одредбите од Законот за ловство и Законот за оружјето кои ја регулираат работата на ловните друштва, ловењето, како и одобрувањето, користењето и ракување со оружјето.