23 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица


На 22.11.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица реализираа превентивна активност во рамки на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“ во Центарот за дневен престој за стари лица во с.Турново, општина Босилово. Активноста беше реализирана преку непосредна комуникација со граѓаните, на кои им беа дадени совети и препораки како да се заштитат од измами и кражби, но и како да ги заштитат своите лични податоци, како и можностите за помош и заштита од надлежните институции. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.