Вчера (21.11.2024) по повод „Месецот на борба против зависности“ полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во просториите на Црвен крст Битола, организираа работилница во соработка со претставници на Црвениот крст. Работилницата беше наменета за младите волонтери во Општинската организација на Црвениот крст, како и за претставници од средните и основните училишта на територија на Општина Битола, со цел да се запознаат со ризиците од злоупотреба на наркотични дроги, алкохол и други зависности и начините како да се превенираат ваквите појави.