Денеска (22.11.2024) полициски службеници од СВР Куманово на повеќе локации во централно градско подрачје во Куманово и Крива Паланка реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Патувај безбедно во зима“. Од страна на полициските службеници на возачите им беше укажано на законската обврска за поседување на зимска опрема, која започна на 15 ноември и важи до 15 март следната година и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот, независно дали е тоа во населено место или надвор од населено место. Исто така беше укажано и за почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови. Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.