22 ноември 2024

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

На 21.11.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе во централното градско подрачје на Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото „И јас и ти сме пешаци*. Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, со посебно внимание  на пешаците. При тоа, покрај директната комуникација,  на граѓаните им беа делени и информативни печатени материјали за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, со што се намалуваат ризиците од сообраќајни незгоди.