21 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

 

На 20.11.2024 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција и Отсекот за превенција при СВР Струмица во просториите на Клубот на млади при Црвен крст Струмица спроведоа едукативно предавање за волонтерите од клубот на тема последици од употребата на дрога. Волонтерите преку презентација и интерактивна комуникација беа запознаени со последиците од употребата на дрога врз младата популација и како таа да се заштити од тоа.