На 20.11.2024 во просториите на Општина Тетово, полициски службеници од СВР Тетово остварија средба со претставници од Секторот за јавни дејности и Секторот за образование на општината, како и директори, педагози и психолози од неколку основни училишта од тетовското подрачје, на која се разговараше за превентивното делување за спречување на малолетничката деликвенција и криминал, односно за преземање на соодветни мерки во насока на превенција од врсничкото насилство, носење на недозволени предмети како што е ладно оружје или недозволени психотропни супстанци и дрога, како и несоодветното користење на социјалните мрежи, кое потоа резултира со насилство. Договорени се соодветни активности кои ќе се реализираат во наредниот период во насока на сузбивање на девијантните појави.
СВР Тетово апелира и до родителите да обрнат поголемо внимание, да проверуваат што носат децата во нивните училишни чанти, а за било каква потреба да се обратат до полицијата или до службите во училиштата.