20 ноември 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во координација со ПСОН Карпош и ПО Сарај, денеска и вчера (19 и 20 ноември), реализираше едукативни работилници во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и ООУ „Владо Тасевски“ на подрачје на Карпош, како и во ООУ „Дитурија“ во с. Сарај и ООУ „Емин Дураку“ во с.Буковиќ,

на тема „Превенција од насилство“.
Основната цел на едукативните работилници е детектирање, препознавање и превенирање на насилството - физичко, психолошко, меѓуврсничко, потоа насилство на социјалните мрежи, како и насилството и недостојното однесување на спортски натпревари. Исто така, учениците беа запознаени и со законските норми што го санкционираат ова социо-девијантно поведение.