20 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

 Секторот за внатрешни работи Битола денеска (20.11) реализирашe  превентивни активности под мотото „Користи зимска опрема" во централното градско подрачје и на излезите на градовите Битола и Ресен. На граѓаните им беше укажано на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15-ти ноември до 15-ти март, како и начините за употребата на опремата, во зависност од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби, во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. При превентивната активност беа поделени и летоци  со едукативна содржина, изработени од РСБСП.

Исто така, денеска и вчера, и од странa на полициски службеници од ОВР Крушево и Македонски Брод беа спроведени превентивни активности од областа на сообраќајот во  централното градско подрачје на Крушево и Македонски Брод, каде беа спроведени активности под мотото „Стави појас“ и „Безбедноста на пешаците на прво место". Граѓаните беа информирани за потребата од користење на сигурносни појаси, без разлика дали со возилото се движат во населено место или надвор од населено место. При превентивната активност беа поделени и летоци  со едукативна содржина, изработени од РСБСП.