20 ноември 2024

Едукативна работилница на ПСГН Пехчево и ОВР Берово

Денеска (20.11.2024) од страна на полициски службеници од ПС за ГН Пехчево во содејство со полициски службеник од ОВР Берово беше реализирана едукативна работилница на тема трговија со луѓе, односно начините како да се превенира евентуална ваква појава. Едукативната работилница беше реализирана во ОУ „Дедо Иљо Малешевски" во с. Ратево – Берово.