Денеска (20.11.2024) од страна на полициски службеници од ПС за ГН Сопот и Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово на учениците во ООУ „Браќа Рибар" во с.Табановце им беше одржано едукативно предавање на тема „Превенција на меѓуврсничко насилство и недозволена трговија со дрога".
На предавањето учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување.