18 ноември 2024

Превентивна активност на РЦГР Исток


Денеска (18.11.) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток во соработка со стручните служби во основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј “ во Македонска Каменица одржаа едукативна работилница на тема: „Врсничко насилство помеѓу учениците“.

Преку разговори и дискусија учениците беа запознаени и им беа појаснети начините како да се превенира, да се препознае и навремено да се пријави врсничкото насилството. Учениците, исто така, преку разговор и дискусија беа запознаени како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од него, како и на социјалните мрежи.