18 ноември 2024

Превентивна активност на ОВР Берово за побезбеден сообраќај

 

Денеска (18.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Берово спроведоа едукативно предавање на тема - „Правила за малите пешаци“ наменето за учениците од прво , второ и трето одделение во општинското основно училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево.

Притоа преку наменски подготвена презентација согласно возраста, учениците беа запознаени со сообраќајните правила и прописи, со значението на сообраќајни знаци, потоа - што е тоа коловоз, пешачки премин и тротоар, а акцентот беше ставен и на последиците и опасностите кои произлегуваат од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.