Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за детско престапништво, во поранешната зграда на „Комитет“ во Куманово реализираа квиз на знаење за сите основни општински училишта на подрачјето на Куманово.
На натпреварот на кој што учествуваа учениците од осмо и деветто одделение, тие одговараа на прашања поврзани со социо-девијатната појава „булинг“, но и на прашања околу други видови девијатни појави каде што децата и младите се жртви.