17 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

 

Денеска (17.11.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица на две локации на подрачје на Струмица спроведоа превентивна активност со која го одбележаа Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, кој секоја година се одбележува во недела, во третата седмица од месец ноември.

Целта на активноста е преку делење на летоци и во разговор со возачите да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди, со цел да се намали бројот на загинати и повредени.