15 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

 

Денеска (15.11.2024), како и во претходните денови, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола беа реализирани повеќе превентивни активности на подрачјето на Битола, Ресен, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Во текот на овие активности, на возачите кои управуваа моторни возила, полициските службеници преку непосреден разговор и со делење на летоци им укажуваа за законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денес, како и за потребата да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот.
Исто така, полициските службеници ги потсетуваа возачите за забраната за управување на моторно возило под дејство на алкохол, како и законските санкции за овие прекршоци, а се со цел подигање на свеста на возачите дека управувањето на возила под дејство на алкохол може да ја загрози нивната лична безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.