14 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Струмица

Денеска (14.11.) полициски службеници од Полициската станица Валандово во основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во с. Јосифово, валандовско, спроведоа едукативно предавање за учениците од ова училиште. На предавањето беа опфатени теми поврзани со врсничкото насилство, злоупотребата на наркотични дроги, како и за почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Исто така и полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица денеска одржаа едукативно предавање со членови на Клубот на млади при Црвен крст Струмица, кои се инаку  врснички едукатори. Присутните беа запознаени со поимот врсничко насилство, формите со кои тоа се манифестира, како и со начините на нивно препознавање, и активностите што во рамки на оваа проблематика ги презема СВР Струмица.