Денеска (13.11.) од страна на полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола на повеќе локации во централното градско подрачје на Крушево, беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на Министерството за внатрешни работи– „Сигурноста и безбедноста на граѓаните наша обврска“, а тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.
Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби и комуникација со граѓаните, при што во текот на разговорите со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа како тие да се заштитат, односно што да преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.
Исто така, вчера Отсекот за превенција при СВР Битола на истата тема одржа работилница со Здружението на пензионери на подрачје на Битола.