Денеска (13.11.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица Неготино во ООУ ,,Гоце Делчев" во Неготино, беше одржана едукативна работилница со учениците од осмо и деветто одделение, на темите „насилство во училиштата", „врсничко насилство" и „сајбер булинг“. На работилницата учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување.
Исто така, превентивна активност беше реализирана и на неколку локации на подрачјето на општина Кавадарци во рамките на кампањата на министерството „Безбедна заедница-мирна заедница“, со посебен акцент на превенцијата од кражби и од измами, особено злоупотребата на лични документи за подигање на брзи кредити. Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман на различните форми на имотни деликти и секако околу начините како граѓаните да се заштитат од нив.