Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола вчера (11.11) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од основното училиште „Гоце Делчев “ во Битола.
Притоа, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците од насилството меѓу младите, и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, опасностите што демнат односно како навремено да ги препознаат и превенираат.
Покрај ова, Отсекот за превенција при СВР Битола во централното градско подрачје во Битола реализираше и превентивна активност во насока на заштита на повозрасните категории на граѓаните од кражби и измами. При реализацијата на активноста беше поделен и едукативен материјал со информации важни за превенирање од имотните деликти.