09 ноември 2024

Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, превентивна активност на СВР Скопје

 

Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (09.11.2024) во рамки на превентивните активности тематски поврзани со превенцијата од имотни деликти и кампањата „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ реализираше таква едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Сарај, односно во туристички центар Матка. Притоа, полициски службеници од Одделението за превенција во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на разните аспекти на проблематиката на имотните деликти, пред се кражбите, а во насока на основната цел на проектот за заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила.

На граѓаните особено им се нагласуваше опасноста од оставање вредни предмети видливи во автомобилот, како потенцијален фактор за извршување на кривично дело од делот на имотни деликти, односно обивање на возило поради кражба. На граѓаните им беа поделени и едукативни материјали – летоци со препораки за превенција од имотните деликти.