Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (07.11.) во соработка со Полициското одделение Петровец во општинското основно училиште „Кочо Рацин“ реализираа едукативна работилница за учениците членови на училишниот клуб за превенција на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство“.
Вчера пак Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров во основните училишта „Мирче Ацев“ и „Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски“ реализираа две едукативни работилници исто така со учениците членови на училишните клубови за превенција при овие основни училишта на темата – „Превенција од насилство и од недостојно однесување на спортски натпревари“.
Основна цел на едукативните работилници беше детектирање, препознавање и информирање на учениците со знаења од областа на безбедноста и превенција од сите видови насилства и подигнување на свеста и безбедносната култура.